Најмалку 37 лица загинаа вчера во бура во северозападен Пакистан, соопштија пакистанските власти. Над 200 лица се ранети.
Бурата била проследена со поројни дождови, град и силен ветер.
Невремето уриваше згради, корнеше дрва и соборуваше далноводи.
Аеродромот во градот Пешавар, административен центар на провинцијата Хајбер Пахтунхва беше затворен за летови.
Војници биле испратени во регионот на несреќата за да пружат помош.