Општина Чаир: Реконструкцијата на булеварот Цветан Димов, се прави со минимално намалување на бројот на дрва

Од:

Во интерес на правилно, целосно и точно информирање на граѓаните и на вашите ценети читатели, би сакале да Ви посочиме неколку информации во врска со реконструкцијата на булеварот Цветан Димов, за што имате објавено текст, на вашиот ценет медиум.

Имено, реконструкцијата на булеварот Цветан Димов, се прави со минимално намалување на бројот на дрва. Целиот проект беше одложен по барање на општината Чаир и Градот Скопје, токму за да се зачуваат што поголем број дрва при изведбата на градежните работи. За таа цел, побаравме изработка на нов проект кои ќе обезбеди нивниот број да биде намален минимално, а тоа беше и причината зошто доцнеше овој инфраструктурен зафат.

Наместо 130 дрвја како што првично беше планирано да се отстранат во текот на проширувањето на овој булевар и неколку други сообраќајници, бројот на отстранети дрвја е сведен на минумум односно на само 20.

Оваа реконструкција ќе биде од огромно значење за граѓаните од целата општина, бидејќи со нејзиното проширување ќе се намалат секојдневните гужви, а протокот на автомобили ќе биде поголем и побрз, односно ќе се намали досегашниот застој и сообраќаен метеж.

Освен тоа, целиот процес на реконструкција се одвива транспарентно и сите граѓани се информирани, а минатата недела и преку јавен настан беа најавени овие активности, се вели во реакцијата на општина Чаир.

Би можело да ве интересира

Шеесет и деветгодишна жена е жртвата во синоќешната сообраќајна несреќа во Чаир

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“

Почна увидот во зградата во Чаир во која избувна пожар од импровизиран магацин во подрумот

Катерина Ѓуровски

Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир