Заев на Соња Локар подетално и ги објасни последните политички случувања во Македонија

Од:

Денеска во просториите на СДСМ, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, генералниот секретар Оливер Спасовски и претседателката на Форумот на жени, Цветанка Ласкова остварија средба со Соња Локар, извршна директорка на мрежата на Централно европската иницијатива за родови прашања и со учесничките на Втората регионална конференција на претседателките/претставнички на Форумите на жени на СДП којашто се одржува во Скопје.

Извршната директорка на ЦЕИ, Локар и претставничките на Форумите на жени на СДП во регионот ги поздравија храброста и заложбите на претседателот Заев и на СДСМ и изразија поддршка за проектот Вистината за Македонија, што има за цел, како што оценија и тие, да ги врати демократските процеси во Македонија.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев подетално ги објасни последните политички случувања во Македонија и нагласи дека опозицијата ќе ги употреби сите демократски механизми што ги има на располагање, да ја нормализира државата, притоа гарантирајќи им на граѓаните дека вакво криминално владеење во Македонија повеќе не смее никогаш да се повтори.

-Рамноправноста и родовата еднаквост се принципи за коишто СДСМ се залага и вклученоста на жените во процесот на враќањето на слободата и демократијата е од голема важност, посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

На средбата беше изразено задоволство и од активностите и придонесот на СДСМ за унапредување на демократските процеси во регионот и Европа.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски