Облакот од пепел од вулканот Калбуко во јужно Чиле, кој неочекувано еруптираше по 42 години мирување, се шири кон остатокот од земјата и кон Аргентина и предизвика откажување на летови од аеродромите во двете земји.
Вулканот Калбуко, чија последна ерупција е забележана во 1961 година, исфрли во атмосферата огромен облак од чад и прашина високи дури 15 километри.
Во изминатите 24 часа се случиле дури две ерупции, а вулканот и натаму е нестабилен и би можело да дојде до нова ерупција, предупредуваат експертите.
Вулканот се наоѓа во близина на популарното туристичко место Пуерта Вараса, околу илјада километри јужно од Сантијаго, но ветерот ја разнесе пепелта од вулакнот се до градо Чијан, 400 километри јужно од Сантијаго, а наскоро облакот со прашина би можел да го прекрие и главниот град.