СДСМ во Велес: Во вистината за Македонија се гледа надеж

Од:

Денеска дел од раководството на СДСМ беше на средби со граѓаните на Велес. Заменик претседателката, Радмила Шекеринска, генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, членови на Извршниот одбор на СДСМ, претставници на ОО на СДСМ во градот, разговараа со граѓаните и ја споделуваа Вистината за Македонија.

– Придружете се, во заедничка битка да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија – повика заменик претседателката Шекеринска.

Граѓаните на Велес и околината даваат охрабрувачки силна поддршка за проектот што го извади на виделина сето зло што го правела ненародната, криминална и узурпаторска власт на Груевски и неколкумина негови соработници.

– Вистината на Македонија, ја врати надежта за една посветла иднина во нашата држава – рече генералниот секретар Спасовски.

Veles, O.Spasovski1

Претставниците на СДСМ се сретнаа со жителите на социјалните згради, со дуќанџиите, со граѓаните на Велес во директни средби, по улиците и од врата на врата, а посетија и повеќе велешки села. Независно каде живеат, луѓето имаат главно егзистенцијални проблеми. Се жалат на неиздржливи давачки и обврски што им ги наметна власта.

Veles, Z.Zaev

Во моментов во тек е граѓански собир во Велес, Граѓаните заедно за Вистината за Македонија, на кој се обраќа претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Вечерниот настан почна на плоштадот Багремче од каде се маршираше кон Гимназијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата