Европската унија мора да преземе итни мерки за покренување спасувачки операции за мигрантите на море и да се обврзе дека ќе прифати значително поголем број бегалци, изјавија денеска водечките функционери на ОН и на Меѓународната организација за миграција.
– Одговорот на Европската унија треба да биде значително поголем отколку сегашниот минималистички пристап, кој првенствено е насочен кон сузбивање на доаѓањето на имигранти и бегалци на нејзините брегови, се наведува во заедничката изјава на високиот комесар на ОН за човекови права, Зеит Раад Ал Хусеин, комесарот на Светската организација за бегалци, Антонио Гутереш, специјалниот пратеник на ОН за имиграција, Петер Сатерленд и претседателот на Меѓународната организација за миграција Вилијам Лејси Свинг.