Саемска манифестација во рамки на кампањата „Да“ за книгата во Куманово

Од:

Тридневна саемска манифестација која опфаќа промоции на книги, но и можност љубителите на книгите да се снабдат со литература за сечиј вкус, е отворена денеска во рамки на кампањата „Да“ за книгата, која денеска пред градската библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово ја организираше издавачката куќа „Матица Македонска“.

На саемската манифестација, која се реализира по повод 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право, се изложени околу 1.000 наслови.

Директорката на кумановската библиотека, Нада Ивановска изјави дека на саемот има книга има за сечиј вкус, за сечија потреба. – Иако, велат дека има игри, интернет, книгата е незаменлива и овој настан само тоа го потврдува, рече Ивановска.

Во наредните три дена, љубителите на книгата ќе можат да набават книги по пристапна цена и ќе има промоции во насока на популаризација на книгата меѓу читателите. По Битола и Велес, Куманово е третиот град каде се организира тридневен саем.

– Куманово е градот за кој сметавме дека има многу повеќе од само концепт и идеја, бидјеќи има читатели. Она што ние го имаме како анализа во нашиот клуб, има повеќе од 500 членови кои се жители на Куманово. Во Куманово ќе бидеме малку повеќе застапени во делот на белетристиката и филозофијата, изјави Дејан Павловски, директор во „Матица Македонска“.

На отворањето на Саемот беше презентирана едицијата „Античка философија“ објавена во девет книги од акдемик Витомир Митевски. За Платон, Аристотел, Сократ, доцната антика, говореше промоторот проф. д-р Весна Томовска.

Утре пред читателите во Куманово ќе се претстави младиот Милош Димковски со својот роман „Парада на марионетките“, а в сабота, Верче Карафилоска со романот „Бездомникот со златен часовник“.

Караванот, најавија организаторите, продолжува и во другите градови од државата.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра