Групацијата, која го контролира крајбрежниот либиски главен град Триполи, соопшти дека ќе се спротивстави на секакви еднострани дејствија на Европската унија за напад врз пунктови, кои ги контролираат лицата, кои тргуваат со луѓе и ја повика Унијата да ги усогласи со неа плановите за справување со мигрантската криза.
Мухамед ел Гирани, министер за надворешни работи на групацијата, кој е ривал на меѓународно признатата либиска Влада изјави во интервју за весникот „Тајм оф Малта“ дека непризнатата Влада повеќе пати давала предлози за справување со приливот на мигранти, кои го користат либискиот брег, но тие предлози биле отфрлени.
На вонредниот состанок во Брисел лидерите на ЕУ денеска треба да разговараат за предлозите за воената и граѓанската мисија за конфискување и уништување на бродовите на трговците со луѓе.
– Не може едноставно да одлучите да извршувате напади. Да рече дека напаѓате конкретен пункт. Како ќе знаете дека нема да настрада невин човек, на пример рибар? Затоа ние велиме, тоа да го сториме заедно, рече Гирани.