ВМРО-ДПМНЕ наредува граѓаните да не излегуваат на референдумот за ГТЦ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ги информира своите членови и граѓаните на општина Центар, дека ставот на партијата е да не се излегува на гласање, на референдумот за ГТЦ.

Во допис, потпишан од претседателката на Општинскиот Комитет Центар, на ВМРО-ДПМНЕ, Аспазија Софијанова, инаку директор на Детската клиника, се наложува посета на сите домаќинства во општината, за да ги информираат, за партискиот став. На помош за ова доаѓаат и членови од општинските комитети, Куманово, Велес, Прилеп, Гази Баба и Бутел, информираат од СДСМ.

Image (5)

УМС Ѓорче Петров, УМС Карпош, УМС Аеродром, УМС Бутел, УМС Кисела Вода, УМС Чаир и УМС Сопиште се задолжени за вечерните активности, за отстранување на пропагандниот материјал за референдумот. За оваа цел ВМРО-ДПМНЕ подготвила и пропаганден материјал за спречување на граѓаните и намалување на излезноста на референдумот. Сите членови кои ќе забележат пропаганден материјал, треба да го известат претседателот на УМС Центар, Јордан Ристевски, информираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски