Според Панчев само АБА лига може да го спаси фудбалот на Балканот

Од:

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев во изјава за српските медиуми рече дека единствениот спас за состојбата на фудбалот на овие простори е формирање регионална фудбалска лига.

– Квалитетот на фудбалот бележи пад од година во година. Зборувам веќе 15 години дека единствен спас за нашиот регион е „АБА“ фудбалска лига. Без разлика на противниците на оваа теза, сметам дека ништо не може да нè спаси ако не се врати Ју-лигата. Овој фудбал по квалитетот не е ниту 20 проценти од она што го игравме ние во наше време. Тој е само за домашна употреба и не е конкурентен во Европа, истакна Панчев.

Според него најголем проблем на балканските клубови се финансиските средства поради што не може да се обезбедат квалитетни играчи на подолг рок.

– Квалитетот на фудбалерите е сомнителен. Последниве години речиси и да ги нема. Многу од играчите кои сега настапуваат во поголемите клубови тешко дека би ги поминале критериумите кои важеа порано во времето кога Црвена звезда беше европски првак.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска