Георгиев: ЕУ потврди дека ни се уназадува демократијата

Од:

Денеска Македонија добива позитивен извештај од страна на Европската комисија и препорака за отпочнување на преговори. Сепак, како и во претходните три извештаи, така и во овој, покрај позитивните елементи, се содржат и сериозни забелешки за недоволен или никаков напредок во некои важни области. Без разлика на начините на кои се нотирани, меѓуетничките односи во земјата се затегнати и постојано се влошуваат. Иако има формален напредок, постои реално уназадување на состојбите со слободата на говор и демократијата, а односите со соседите повторно се наметнуваат како закана за нашите европски аспирации, изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го поздравува фактот што Македонија ја задржува европската агенда како врвен приоритет и што покажува и формален напредок во евроинтеграциските процеси. Се надеваме дека овојпат, за разлика од претходните години, тоа ќе значи и конкретен исчекор на земјата кон полноправно членство во Европската унија – изјави потпретседателот на СДСМ.

Постојат и други забелешките кои ги нотира Европската комисија, како и други формални и неформални меѓународни институции, вели Георгиев.

– Тие не се само предизвици кои се важни во нашите евроинтеграциски процеси, туку се придобивки кои треба да ги имплементираме за обезбедување на поквалитетен живот на граѓаните. Затоа, ја повикуваме Владата да не ги издвојува само позитивните аспекти на овој извештај во вид на некој триумфализам, туку да ги разгледа, прифати и признае сериозните забелешки во извештајот, како прв чекор кон подобрување на состојбите во тие области. За крај, СДСМ го поздравува и враќањето на придавката “македонски“ во извештајот, нешто што беше две години неправедно изоставено – изјави Георгиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он