За добитниците на Златна палма на претстојниот филмски фестивал во Кан ќе одлучува жири каде ќе биде американскиот актер, Џејк Џиленхал, мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо и Канаѓанецот Ксавиер Долан.
Музичарот од Мали, Рокиа Траоре исто така, е во жири комисијата заедно со британската актерка Сиена Милер, француската ѕвезда, Софи Марсо и шпанскиот актер Роси де Палма, честиот „гостин“ во филмовите на Педро Алмодовар.
Со жирито ќе претседаваат браќата Џоел и Итан Коен.
Филмска екстраваганција на француската Ривиера почнува на 13 мај со филмот „La Tete Haute“ на француската режисерка, Емануел Берко.