Околу 400 компјутерски експерти ќе учествуваат оваа недела во големи вежби по кибер-безбедност во Естонија.
Вежбите се дел од напорите на НАТО да осовремени капацитети за противдејствија на потенцијални хакерски напади.
Во годишните вежби во центарот за киберодбрана на НАТО во Талин ќе учествуваат тимови од 16 држави.
Во 2007 година естонски владини, медиумски и корпорациски вебсајтови беа парализирани од кибернапади, организирани според властите од Русија.
Москва негира дека има каква било врска со нападите.