Министерството за култура не ја изнајмува Портата Македонија на ВМРО-НП

Од:

„По повод јавната покана на Министерството за Култура дека триумфалната капија може да се изнајмува и за одржување на прес конференции, ВМРО-Народна партија неколку дена последователно и уредно се обиде да го изнајми просторот се со цел одржување на прес конференција.

За жал после неколку дневното чекање, писмено барање, сфативме дека во Македонија постојат субјекти на кои Министерството за култура нема намера да им ја изнајмува Триумфалната капија, односно постојат субјекти кои нема да можат да ги користат услугите на Порта Македонија“.


Ова пред Портата Македпнија го кажа Ване Цветанов од ВМРО Народна партија. Според него, „поради дискриминаторскиот однос“ на Министерството за култура кон ВМРО-Народна партија, и неможноста да ги користат понудените простории, прес конференција ја одржуваа надвор, пред Портата.

„Проектот започна со името Триумфална капија на Македонија па се прекрсти во Порта Македонија.
Започнаа со објаснување дека ќе биде проект за достоинството на Македонскиот народ, херојските борби, слава на триилјади годишната македонска историја за што сведочат и бројните рељефи на самата Порта Mакедонија.

Деновиве вчудоневидени ја слушаме Министерката за култура како спокојно не повикува да ја закупуваме за прес конференции, состаноци, презентации, свадби, крштевки, сунети, родендени и игротека.
Значи ли тоа дека големата приказна за историското значење на овој проект се сведува на најтривиална хотелско угостителска понуда.

ВМРО-Народна партија јавно ја повикува ВМРО-ДПМНЕ да престане со овие мимикрии и лакардии со цел лажно собирање на поени и рејтинг.

Да потсетиме Александар македонски официјално се вика воин на коњ, Филип Втори е таткото на воинот на коњот, Олимпија е мајка на Воинот на коњот и жена на таткото на Воинот на коњот, а пак Тодор Аалександров е војвода на коњ, а триумфална капија стана ресторан и сала за состаноци“, рече Цветанов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска