Кривични пријави за незаконски лов и перење пари

Од:

Друштвото за лов „Сафари Интернационал“ ДОО Скопје незаконски се стекнало со 8.556.132 денари од приходи преку овозможување лов што бил забранет на ловиштето „Конечко 2“.

СВР Штип поднесе кривични пријави против З.С.(56) од Скопје, сопственик на „Сафари Интернационал“ за основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „незаконит лов“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ и  против Б.Р.(52) од Штип вработен во правното лице и И.М.(53) од Скопје управител за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

З.С. во периодот од 4 април 2012 до 28 август 2014 година во повеќе наврати во ловиштето „Конечко 2“ сопственост на „Сафари Интернационал“ вршел незаконит лов на дивеч и покрај тоа што знаел дека ловиштето има статус на забрането ловиште. Со заклучок од Владата донесен во 2012 година се обврзал како донација на свој товар и сметка  бесплатно  да врши одржување и заштита на дивечот, но без право на отсрел, но и покрај тоа  организирал лов на дивеч, за странски државјани. Второ и трето пријавените како одговорни лица, управители на правното лице ДЛТУ „Сафари Интернационал“ ДОО Скопје, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, овозможиле организирање и вршење незаконит лов од страна на странски гости со намера „Сафари Интернационал“ ДОО Скопје се стекне со противправна имотна корист од наплатените парични средства за горенаведената услуга.

Со направените кривични дела пријавените му овозможиле на „Сафари Интернационал“  противправно да се стекне со нелегален приход во вкупен износ од 8.556.132 денари. Со намера да го прикријат потеклото на парите ги внеле во легалниот платен промет во  Република Македонија, преку давање позајмици на фирми со кои директно или индиректно е поврзан првопријавениот. Парите понатаму се префрлани на личните трансакциски сметки на првопријавениот и неговата сопруга, со што пријавените сториле и кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он