Водопад на Деребашка река кај Дојран

Од:

Временските услови кои беа пропратени со обилни врнежи од дожд, по повеќе од триесет години сушност на Дојран му ја вратија Деребашка река која си формира и водопад како уште една туристичка атракција за гостите кои летово ќе престојуваат на брегот на Дојранското езеро.

Феноменот го привлече и вниманието на жителите на Стар Дојран затоа што за разлика од повеќето планински извори кои се студени, водата на Деребашка река е млака и беспрекорно бистра.

Постарите дојранчани се присетија на времето кога реката секнала поради бушење на подземни бунари за снабдување со питка вода.

– Во 80-тите години се бараше вода за пиење со бушотини под нивото на езерото.Тогаш се направија резервоарите за питка вода,но Деребашка река сосема секна.Сега,после 35 години сведоци сме на своевиден феномен,водата е надојдена во голема количина и дури самата си формира и водопад, рече Илија Кочарев, жител на Стар Дојран.

Дојранчани се надеваат дека поради живописната природа и панорамата кон езерото, Деребашкиот водопад ќе се уреди и ќе им се презентира на посетителите како уште една од природните убавини на Дојран.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска