На Скопскиот аеродром обука за справување со катастрофи

Од:

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ од денеска се спроведува тридневна обука која треба да обезбеди дополнителни знаења и вештини за справување со катастрофи.

Програмата за обуката „Да ги подготвиме аеродромите за катастрофи“ (ГАРД) ја реализираат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и транспортно-логистичката компанија – Дојче Пост ДХЛ групацијата, во соработка со ТАВ Македонија, концесионерот на макеоднските аеродроми.

Целта на програмата ГАРД, концепт што е спроведен на 30-ина аеродроми, е да се подобри капацитетот на аеродромскиот персонал за справување со зголемените логистички предизвици присутни во пост-кризни ситуации предизвикани од катастрофи.

Од ТАВ Македонија соопштуваат дека со обуката ќе се подобрат локалните логистички капацитети и знаења, а со цел да се избегне создавањето тесни грла на аеродромите, и ќе се осигури ефикасен прием на поголеми количества хуманитарна помош кои пристигнуваат во вакви ситуации.

– Земјотресите и другите природни катаклизми не може да се избегнат, но подобра подготвеност и насочени инвестиции може да обезбедат тие да не се претворат во катастрофи, изјави постојаниот координатор на Обединетите нации и Постојан претставник на УНДП Луиза Винтон.

Во тек на програмата, аеродромскиот персонал, заедно со вработените од сите релевантни институции кои се дел од националниот систем за управување со кризи, вклучувајќи ги и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Агенцијата за цивилно воздухопловство, министерствата за транспорт и врски и за внатрешни работи и Црвениот крст, ќе ја проценат способноста на аеродромите за справување со зголемениот обем на хуманитарна помош во случај на големи катастрофи, и ќе изработат наменски детален акциски план. Се очекува овој план да стане дел од националните планови за управување со несреќи и катастрофи.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба