Коѕиас во посета на САД

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска ја почнува петдневната посета на САД, во чии рамки ќе се сретне и со медијаторот Метју Нимиц.

Коѕиас денеска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот државен секретар Џон Кери, а во програмата се предвидени средби со членови на Сенатот и Конгресот, како и со советникот за национална безбедност Сузан Рајс.

Шефот на грчката дипломатија во петок на 24 април во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на ОН Бан Ки -Мун, и медијаторот Метју Нимиц.

Грчкото МНР не соопшти повеќе детали за најавената средба со Нимиц, а засега ни грчките медиуми не шпекулираат ништо.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија