Германски министер бара укинување на безвизниот режим за граѓаните на Србија и Македонија

Од:

Министерот за внатрешни работи на Хесен, демохристијанинот Борис Рајн, побара од германското сојузно Министерство за внатрешни работи укинување на визите за граѓаните на Србија и Македонија поради големиот број баратели на азил од овие земји.

– Неопходно е, со цел да се запре злоупотребата поврзана со барање на азил – напиша Рајн во писмо до сојузниот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих, соопшти покраинското Министерство за внатрешни работи на Хесен.

Рајн истакна дека по укинувањето на визниот режим во 2009. година со Србија и Македонија, драматично се зголеми бројот на азиланти, особено Ромите, а бројот на баратели во септември во однос на август, се зголеми за 80 проценти.

Со ова Рајн се приклучи на барањата за укинување на безвизниот режим на Србија, на претседателот на одборот за внатрешна политика на Бундестагот Волганг Бозбах и баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман.

Херман и Бозбах неодамна предложија дека поради напливот на баратели на азил од Србија и Македонија, да се размисли за укинување на визната слобода за Белград и Скопје, а на нив се чини им “оди” од рака и официјален Брисел.

Укинувањеto на визната слобода во иднина, всушност, треба да биде, полесно пишува во германскиот весник “Tagescajtung” (TAZ), во кој се наведува дека пред неколку месеци, Европскиот совет донел одлука за структурни промени во визната политика, но дека тоа мора и Европскиот парламент да го изгласа.

Според тоа, режимот на визната слобода може да биде до 15 месеци вон сила, доколку дојде до зголемување на бројот на барања за азил, кои не се оправдани. За ова прашање тогаш, како што е наведено, би одлучувала Европската комисија, во договор со националните влади.

На ова, се уште неважечко право, се чини, цели и барањето на баварскиот министер за внатрешни работи, затоа што од Србија само 0,3 отсто од подносителите на барање на азил го добиле тоа право да останат во Германија.

За споредба, од Авганистан, 35 проценти од вкупниот број на баратели добиле статус на  азиланти од Ирак, 62 отсто, 94 отсто од Сирија, Иран 53 проценти и затоа, за Баварското Министерство за внатрешни работи прашањето со Србија и Македонија, каде што само 0,3 и 0,2 проценти од барателите добиле право на азил, изгледа сосема јасно.

Кандидатите од Србија и Македонија, според изјавата на еден портпарол на баварското Министерство, само сакаат со итрина и манипулација на неколку месеци да се дофатат до германските социјални примања.

Податоците покажуваат дека дури и во овие малку позитивно решени случаи не е утврден никаков прогон, туку-како што се наведува-личните препреки за депортирање назад, како што се болеста на поднесителот на барањето.

Статистиката вели, пренесува TAZ дека од вкупно поднесените барања за азил од Србија и Македонија над 90 барања се на Роми. Адвокатот на организацијата”Pro azil” Хуберт Хајнолд е на мислење дека повеќето отфрлени барања на ромите и така се неправедно одбиени. Хајнолд верува дека, ако сериозно се анализира сето она што едно ромско семејство го доживува, кога станува збор за насилство, тогаш би можело да се каже, вели адвокатот, дека ситуацијата веројатно достигнала ниво на прогон на една група.

Бозбах, барајќи проверка на безвизниот режим со Србија и Македонија, јасно стави до знаење дека не се работи за оние кои се политички прогонувани и да се избегне да се обезбеди потребната помош.

– Тука на право на азил се повикуваат сите оние кои првенствено сакаат да добијат социјална помош – изјави Бозбах за германскиот весник Die Welt и предупреди на слични проблеми, ако Романија и Бугарија влезат во Шенген зоната.

Дневениот весник Die Welt неодамна напиша дека расте бројот на српски и македонски барања за азил и дека причина за тоа е социјалната помош.

Поднесувањето на барања за азил на граѓаните на Македонија и Србија, според оваа листа, е атрактивно, бидејќи “просечната реална заработка во двете балкански земји е под нивото на германската социјална помош”.

Листот оценува дека за приливот на баратели на азил постојат две причини – Германскиот сојузен уставен суд, имено,на 18 Јули донесе одлука за зголемување на социјалната помош за барателите на азил, а покрај тоа,потсетува “Die Welt”, безвизниот режим за Србија и Македонија е од декември 2009 година.

Баварскиот министер за внатрешни работи, Херман бара одлуката за барателите на азил од Србија и Македонија, како дел од еден правен процес, “да се донесе во рок од 48 часа”, по примерот на Швајцарија, каде таквата постапка е воведена од август.

– Не можеме да прифатиме дека земјите аспиранти за ЕУ, да бидат главни за поднесување на барања за азил – рече Херман, истакнувајќи дека во Србија и Македонија нема никакви прогони, кои се релевантни за постапката за добивање азил.

Би можело да ве интересира

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

ФТ: ЕУ планира следната недела да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување

Литванија сака регионално решение доколку ЕУ не се согласи да ги забрани туристичките визи на Русите