(ВИДЕО) Заев: Преговори до одреден момент, а потоа народот излегува на улица

Од:

Ако не се случи да се обезбеди слободата и гаранцијата за слобода на секој граѓаниин, ние ќе ја преземе обврската сами да ја заштитиме нашата слобода. Кога немате институции на системот кои гарантираат правичност тогаш нормално секој е да се обиде да си ја гарантира својата слобода, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за А1он.

Претседателот на СДСМ е убеден дека поседува докази со кои ќе се види кој прислушувал и кој правел пуч во државата, дали е тоа Заев или тоа е Грувески, но нема да толерира никакво политичко влијание како досега, од власта кон обвинителството и судството.

– Апсолутно тоа ќе го докажеме. Одиме во обвинителството за да не покажеме дека сме исти како нив, одиме зашто се бориме за поинакво утре во оваа наша Македонија.

Предност дава на преговорите, но и тоа вели дека нема да трае до бесконечност.

– Од цела Македонија стигнуваат предлози за излегување на улици, гневот расте кај граѓаните, тоа се и причните зашто ги правиме овие протести низ градовите, се обидуваме на еден начин да ги канализираме гневните реакции на граѓаните зашто веруваме дека до крај треба да се даде шанса на се друго, освен истурање на гневот на улиците. Но на крајот, ако не се реши на поинаков начин работата, дали со меѓународно посредништво или слично, јас сум должен да го предводам нашиот народ кон враќањето на слободата и демократијата. Ако не успее целиот овој процес, многу брзо е времето кога тоа ќе се случи и знам дека тоа е конечната точка до кога може да се одржува оваа ненародна и нелигитимна забегана и злосторничка дружина, вели Заев.

Мора да дадеме шанса на преговорите, секако до одреден момент. Доколку не се успее, ќе се истурат граѓаните по улиците, а јас сум должен тоа да го водам, рече Заев.

– Преговори до одреден момент, ако не се реши, ќе се истурат луѓе по улиците, а јас ќе ги водам, вели Заев.

Ако има повеќе рунди од преговорите, нека се побрзаат, ние даваме шанса на демократијата, иако често излегувавме досега понижени од преговори, со наведната глава се вративме во парламентот, а потпишаното беше тоалетна хартија. Што направи меѓународната заедница да го запре ова злосторство? Последна шанса даваме за меѓународната заедница, добри пријатели се на Македонија, прогледувале низ прсти, но заради таа пуста безбедност која сакале на еден начин да ја сочуваат за Македонија, да дадат шанса, ја алиментирале оваа диктатура и овој автократски режим кој што е поставен во Република Македонија, рече Заев.

Според Заев не е прифатливо никако барање да се престане со објавување на “бомбите“ ниту пак е прифатливо некој од него да бара амнестија.

Ние ја ветивме цела вистина и таа ќе излезе до крај. Никој нема право да го сопре овој процес ниту да ја сокрие вистината, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев , а по шпекулациите дека се врши притисок, опозицијата да прекине со објавување на снимените разговори.

За предлогот на претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски дека власта и опозицијата треба да направат меѓусебна амнестија, вели дека такво нешто не е можно.

Кој сум јас како политичар да зборувам за амнестија? Има Устав, има закон, не само што мора да паднат, мораат да одговараат за кршењето на законот. Има да го вратат сето тоа што е украдено од Македонија, постојат закони во Македонија, и се кое што согласно законот е украдено е надвор од она што е докажливо дека е заработено на чесен и законски начин, сетоа тоа има да го вратат, рече Заев.

Лидерот на СДСМ не добил покана од МРТ од почетокот на објавувањето на снимените разговори.

– МРТ не емитува ништо, но ќе потсетам покрај преодна влада и оставка на јавниот обвинител, бараме и оставка на раководството на МРТ, тоа е сервис на граѓаните и сите плаќаме радиодифузна такса. Имаме право како опозиција да добиеме простор, колку треба некој да има памет тоа да не го сфати? Имаат обврска, крајно време е да се одважат, после тоа нема оправдување, соучешништво е, оставаат трага и ќе одговараат за тоа. Се плашат само од Грувески, а не се плашат од иднината, рече Заев во интервју за А1он.

Предраг Петровиќ

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство