Тјери Фремо ја соопшти селекцијата на 16 филмови кои ќе се натпреваруваат за Златната палма на 68-от Меѓународниот филмски фестивал во Кан од 13 до 24 мај годинава, јавува дописникот на МИА од Париз.
Објавувањето на селекцијата беше направена по говорот на Пјер Лексу новиот претседател на фестивалот, кој му оддаде почит на својот претходник Жил Жакоб во киното УЖЦ Нормандија во Париз.
Годинава жирито под двојното претседателство на браќата Коен, од кои секој ќе има по еден глас ќе избира меѓу 16 филмови, од кои дури четири се француски.
Од просторите на поранешна Југославија не е селекциониран ниту еден филм во натпреварувачката конкуренција за најпрестижната филмска нагарада во светот.
За годинашната Златна палма ќе се натпреваруваат: Жак Одијард со филмот Dheepan, Стефан Бризе со La Loi du marché, Валери Донзели со Marguerite et Julien, Матео Гарон со le conte des Contes, Тод Хејнс со Carol, Хироказу Коре-Еда со Notre petite sœur, Јоргос Лантимос со The Lobsterм Мајвен со Mon roi, Нано Морети со Mia Madre, Паоло Соррентино со La Giovinezza, Јоаким Триер со Louder Than Bombs, Гус Ван Сант со The Sea of Trees, Дени Вилнев со Sicario, Ласло Немес со Saul Fia, Ху Хсиао-хсине The Assassin и Јиа Занке со Mountains May Depart.
Преостанатите два или четири дополнителни филмови во официјалната селекција ќе биде познати во текот на идната недела.