ФОТО: „Во слава на уметноста“

Од:

Петнаесетти април, светскиот ден на уметноста, беше одбележан со отворање на изложбата „Во слава на уметноста“ и беше издаден каталог по истиот повод.

„Идејата за воведување на светскиот ден на уметноста е да се помогне на сегашните и идните генерации да го осознаат придонесот на уметноста низ вековите и нејзината важност.

Vo slava na umetnosta - izlozba (1)

Климе Коробар, претседател на Асоцијацијата за култура „Икон“, им се заблагодари на сите уметници кои партиципираа во изложбата, а посебна благодарност упати до општина Центар, како и до градоначалникот Андреј Жерновски, кои го поддржаа овој настан со поддршка за печатење на каталогот“, се вели во соопштението на Општина Центар.

„Општина Центар живее со културата и уметноста. Центар е јадрото на градот, кое сака да ја негува светската практика, битните вредности за нашите животи да ги одбележуваме со внимание и почит. Шеесетте автори со шеесетте уметнички дела ја откриваат тајната на македонското сликарство, дел од уметноста кој без зборови кажува за нас, за нашата душа и еден континуиран оган од кој повторно, секогаш се раѓа фениксот. Симболот на вечното раѓање е и симбол на општината“, напиша во предговорот, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Vo slava na umetnosta - izlozba (2)

Во име на уметноста говореше поетот Ефтим Клетников. Петнаесетти април е одбран за светски ден на уметноста, денот кога е роден Леонардо Да Винчи, да биде роденден на сите уметници во светот и празник на уметноста.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска