НАТО организира воени вежби во Романија на границата со Украина

Од:

Над 2.200 припадници на армиите на Романија, САД, Велика Британија и Молдавија, според план на НАТО, учествуваат на воени вежби во Романија, што ќе почнат утре и ќе се оддржат во близина на границата со Украина.

Американските медиуми наведуваат дека вежбите, под називот „Ветровита пролет 15“, ќе траат до 30 април, а ќе се оддржат на две локации на истокот од Романија: во воздухопловната база „Михаил Когалничану“ во близина на пристаништето Констанца на Црно Море и во стрелиштето Смардан.

Романскиот министер за одбрана Мирча Душа денеска изјави дека во Романија годинава ќе бидат оддржани повеќе од 340 вежби, од кои повеќето ќе бидат организирани во соработка со НАТО и партнерите од Европската унија.

Министерот наведе дека вежбите се дел од планот за засилување на источното крило на НАТО и ЕУ, кое се граничи со Украина, а беше договорено на самитот на Алијансата во 2014 година.

– Постојано ќе ротираме војници на оваа граница, истакна романскиот министер.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Граѓаните треба да бидат среќни, живеат во држава со исклучително ниво на безбедност

А1он

Столтенберг: Не гледаме воена закана во регионот, но сепак има дополнителни илјада трупи во Косово

А1он

Ердоган го одобри влезот на Шведска во НАТО, предлогот оди во турскиот парламент

Бауер: Од влезот во НАТО, Северна Македонија презеде важни чекори за спроведување на своите одбранбени реформи

Делегација на НАТО, предводена од заменик-секретарот Џоана во посета на Косово

Данска го ратификува Протоколот за пристапување на земјава кон НАТО