Националната установа центар за култура „Бели мугри“ од Кочани и годинава ќе биде организатор и домаќин на осмиот по ред детски драмски фестивал, кој ќе се одржи од 20 до 30 април.
– За учество на фестивалот се пријавија 15 детски драмски претстави од Охрид, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Велес, Кочани, Берово и Делечево.Годинава фестивалот добива републички карактер, а најдобрата детска претстава ке настапи на ДАФ во Кочани во мај, изјави Коце Стојменов, директор на НУ центар за култура Кочани.
На фестивалот ќе бидат доделени награди за престава во целина,за најдобра машка и женска улога, за режија и за негување на македонскиот јазик преку драмска престава.
Фестивалот финансиски го помогнаа Министерството за култура и општина Кочани.