Романската полиција во реонот на Букурешт во еден автобус кој патувал од Турција, откри 12.000 прачиња шверцувани цигари и 30 килограми тутун, јави агенцијата Аџерпрес.
Запленетите цигари и тутун ги превезувале петмина турски државјани и еден Романец, кои немале документација за потеклото на стоката, информира полицијата.
Романската полиција вооедно соопшти дека во периодот меѓу 9 и 11 април во три автобуси кои патувале од Турција кон Букурешт било пронејдени поголемо количество шверцувана стока.