Процесија во Нигерија по повод годишнината од грабнувањето на 219 девојки од Боко Харам

Од:

Во главниот нигерски град Абуџа се одржува процесија по повод годишнината од грабнувањето на 219 девојки што го извршија припадниците на милитантната исламистичка група Боко Харам.

Девојките беа киднапирани од нивното училиште во североисточниот град Чибок и од тогаш никој не успеал да ги види, ниту се знае каде се наоѓаат. Властите во Нигерија, како и високи претставници на армиските сили ветуваа дека брзо ќе ги ослободат девојките, но ништо од тоа досега не се случи.

Во процесијата, во која се наоѓаат и најблиските и роднините на киднапираните девојки, луѓето носат транспаренти на кои пишува „Вратете ни ги нашите девојки“. Ваквите пораки кои доминираат на процесијата се упатени кон припадниците на Боко Харам кои оперираат во североистичните делови од Нигерија, но и до владата и армијата во земјата.

Меѓународната заедница беше згрозена и шокирана од веста дека исламистите кои постојано извршуваат терористички напади во разни делови од земјата киднпирале толку многу девојки, ученички додека биле на настава во своето училиште.

Повеќе земји,меѓу кои и САД и Кина ветуваа помош во пронаоѓањето и ослободувањето на киднапираните.

Една жена, чиј идентитет не се открива, изјави за Би-Би-Си дека пред три недели видела педесетина од гранбантите девојки, во градот Гвоза, во североисточна Нигерија.

Милитантната група Боко Харам која досега објави преку интернет една заедничка фотографија на заточените девојки, тврди дека сите се претворени во муслиманки, а дека добар дел од нив се омажени за припадници на групата и за вистински муслимани.

Процесијата во Абуџа се одржува по соопштението на Амнести Интернешенел дека припадниците на Боко Харам за 15 месеци грабнале две илјади млади жени и девојки, како и дека тие насила се омажени, откако претходно биле затворани, малтретирани и силувани. Дел од нив се приморани да учествуваат и во терористичките операции на групата против властите во Нигерија.

Новоизбраниот претседател Мухамаду Бухари вети кршење на отпорот на бунтовниците и изјави дека властите ќе направат се што можат да ги најдат и да ги ослободат девојките, но призна дека тоа не може и да им го вети на нивните родители.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он