Лажни шненокли

Од:

Лесен жолт крем и бисквитно тесто од белки со освежителен овошен крем и лешници кој даваат посебна арома …

Потребно е:
за кората:
6 белки
200 гр шеќер во прав
сок од 1/2 лимон
100 гр лешници + 1-2 лажици мелени лешници

за кремот:
6 жолчки
100 гр шеќер
400 мл млеко
2 рамни лажици нишесте
ванилин шеќер
250 мл слатка павлака за шлаг

за овошниот фил:
1 ананас (може и шумско овошје, јагоди, цреши …)
2 лимети

Подготовка:
– За кората прво лешниците кратко испржете ги во тава, ситно исецкајте ги и распоредете ги во големата тава од рерна која претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Помеѓу посипете ги мелените лешници. На тој начин полесно ќе ја одлепите печената кора од хартијата за печење.

– Потоа белките изматете ги во густ шлаг (шне) и на крај полека додадете го шеќерот во прав. Сосема на крај полека додадете го и сокот од лимон. Вака добиениот шлаг распоредете го рамномерно над лешниците во тавата.

Лажни шненокли1

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 20 минути.

Лажни шненокли2

– Преминете на подготовка на кремот. Во еден сад ставете ги жолчките, шеќер, нишесте и три лажици ладно млеко и убаво изматете.

Лажни шненокли3

– Остатокот од млекото ставете го да се вари на рингла со ванилиниот шеќер во него. Кога ќе проврие тргнете го садот на страна и полека со постојано матење со маталка додадете ја смесата од жолчки. Садот вратете го на рингла на тивко и уште кратко време варете со постојано мешање додека да се згусне смесата. Оставете да се излади (покријте го садот со пластична фолија за да кремот не фати кора).

– Последниот чекор е подготовката на овошниот фил. Ананасот исечете го на мали коцки и ставете го да се вари со сокот од лиметите. Кога ќе омекне изблендирајте го убаво. Може да користите и друго овошје во зависност од сезоната кога го подготвувате колачот.

Лажни шненокли4

– Во еден сад ставете ја слатката павлка и изматете ја во густ шлаг и ставете го во фрижидер да се излади.

– Сега почнете со редење на колачот. На печената кора од белки ставете го кремот од жолчки, над него распоредете го шлагот, а над шлагот ставете го овошниот фил во тенок слој на половина од кората.

– Замотајте ја кората како ролат почнувајќи од половината каде што е филот. Колачот убаво изладете го.

Лажни шненокли5

Совет: Можете да оставите дел од кремот (2-3 лажици), да го измешате со овошен сок и да го употребите за украсување на колачот, како на сликата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска