Економист – Лондон
Првите неколку дена во април требаше да бидат период на рефлексии, кога ќе можевте да погледнете во ветувањата на државите за екологијата и до каде е стигнато – ако воопшто и има некаков прогрес – во пресрет на потпишувањето на глобалниот договор за климата во Париз во декември. Тој договор треба да биде базиран на ПНЗО или „планирани национални зацртани постигнувања“ – или целите и политиките кои државите ги ветуваат да ги остварат до 2020 година.
Беше побарано државите да ги пријават своите постигнувања до 31 март.
Само 34 од 196 држави кои учествуваа во разговорите во Париз, всушност ги открија своите планови до крајниот рок. Тие учествуваат со во помалку од една третина од емисиите на гас од стаклена градина, но тука се вклучени и двата од најголемите и најважните загадувачи: САД, кои ветија дека ќе ги намалат емисиите на за 26 до 28 проценти до 2025 во споредба со 2005 (веќе сме на половина од зададената цел), и Европската Унија, која вети намалување до 40 проценти до 2030 во споредба со 1990 година (фактот што државите користат различни периоди и различни мерења е причина што на преговарачите им треба многу време да работат на договорот). Понудата на Норвешка е слична како и на ЕУ. Русија – која во псоледно време често е пречка во разговорите – овој пат избра да учествува и до 2030 година да ги намали емисиите на гасови од 25 до 30 проценти од нивоата од 1990.
Но повеќето средноприходни и земји во развој одлучија да не се откриваат. Има два исклучоци: Габон, кој нуди 50 проценти намалување до 2025 во споредба со вообичаената пракса, и Мексико со 25 проценти во споредба со вообичаената пракса до 2030 година (или ова значи дека дека нивните емисии ќе го достигнат врвот во 2026 година). Сепак, понудата на Мексико содржи интригантска иницијатива: кратењето од 25 проценти не смее да биде условувано. Но ако договорот се потпише, тогаш Мексико наместо тоа ќе скрати до 40 проценти.
Индија и Кина сепак одлучија да чекаат до наближувањето на состанокот во Париз. Со оглед на тоа што се тие најголемите држави светски загадувачи, скоро е невозможно да се пресмета дали придонесите кои досега се нудат воопшто ќе имаат некаков важен придонес во крајниот исход.
Рокот до 31 март беше неформален. Државите беа само повикани да го искористат. Но глобалниот договор во Копенхаген во 2009 пропадна воглавно затоа што многу нешта се случуваа во последна минута и преговорите се водеа во ракавици. Процесот кој беше договорен за состанокот во Париз – на кој државите требаше да ги дадат своите понуди во пригодно време – требаше да го избегне тоа. Преговарачите сеуште се надеваат дека најголемите пазари во подем на време ќе ги дадат своите предлози, можеби до јуни. Тоа и може да се случи. Но процесот сепак се сопна на својот прв тест.