После неколку одложувања поради неповолните временски околности, денеска требаше да почне историската авантура на Австралијанецот Феликс Баумгартнер.
Во обидот со сопственото тело да го пробие звучниот ѕид и да го урне светскиот рекорд во скок со слободен пад, беше подготвен да скока од линијата на вселената, чекајќи цел ден во капсулата.
Но во последен момент само неколку минути пред да полета кон небото на висина од 36, 5 километри, авантурата е повторно одложена поради јаките удари на ветерот во Розвел, каде се одвива целиот експеримент.
Скокот беше планиран за вчера, а според најавите новиот обид треба да следи утре доколку се смилува времето.
Целиот тим составен од околу 200 луѓе, веќе пет години работи на проектот, а целта е да се изведе највисокиот скок и да се собори досегашниот рекорд на 52 годишниот Џозеф Китинџер.