Пред утрешните студентски избори, од ВМРО Нардона партија „директно се сомнева дека и после овој избор на чело на СПУКМ ке застане партиски човек, договорен и изгласан во жолтата куќичка на ДПМНЕ а не во холовите на факултетите на фер и демократски начин“.
„Ние младите од ВМРО-Народна партија цврсто сме убедени дека Трајче Митрев како млад дпмнеовски кадар ке биде новиот претседател на СПУКМ кој треба да го продолжи делото на претходните претседатели и да протестира против Опозицијата. Форсирањето на Митрев со негови плакати,флаери логистика помеѓу самите студенти а и забавите по студентските домови каде што видно се веселеа на српска музика се само доказ плус дека добро излобирал во партиските ходници“, велат од партијата на Георгиевки.
УМС на ВМРО-Народна партија на ден пред изборите укажува дека идниот претседател на СПУКМ треба да ги опреми современо студентските читални, да му каже НЕ на својот локален или регионален лидер од ДПМНЕ, да го подобри културно забавниот живот на студентите, но прво да се информира каде завршуваат 250 денари што секој студент ги плаќа за КЗЖ при вселување во студентскиот дом.