Илјадници православни верници на церемонија на Светиот оган во Ерусалим

Од:

Илјадници верници ја исполнија денеска црквата на Светиот гроб во Ерусалим на церемонија на Светиот оган, пред прославата на православен Велигден.

Верници од православни држави и Арапи христијани кои живеат во Светата земја, палеа по 33 свеќи со пламен што се појави во црквата. Верниците сметаат дека „Божествениот оган од небото ги пали свеќите што ги држи ерусалимскиот патријарх на гробот на Христа за време на церемонија што датира од 4 век и симболизира воскресение Христово“.

Светиот оган се смета за чудо што се случува еднаш годишно на Велика сабота, јавуваат западни медиуми.

Церемонијата почнува со процесија околу црквата по што сите светла се гаснат пред во неа да влезе православниот патријарх на Ерусалим.

Црквата на Светиот гроб е подигната на место каде според христијанското верување бил распнат Исус, погребан и воскреснал. Минатата недела таму беше прославен Велигден по грегоријанскиот календар.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска