Македонија да продолжи по патот на евроинтеграциите, за зачувување на кандидатскиот статус и на препораката за почеток на преговори со ЕУ, при што ќе побара проактивна поддршка за Македонија е заложбата на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) која ќе ја презентира на 12-от Конгрес на YES (Young European Socialists – Млади европски социјалисти), асоцијација што ги обединува социјалдемократските подмладоци од Европа.
Како што соопштија од СДСМ, за време на дебатата за актуелните проблеми во земјите членки во асоцијацијата на Млади европски социјалисти,СДММ ќе ја акцентира заложбата за враќање на загрозените демокртаски вредности и слободата во Македонија и потребата од преземање политичка одговороност како начин на излез од политичката криза, по нерегуларните избори и обелоденетите скандали во коишто е инволвиран тесниот врв во власта.
Конгресот се одржува во Винтертур, Швајцарија, на којшто како претставници и делегати од СДММ присуствуваат членови на Извршниот одбор на Социјалдемократската младина на Македонија.