Оклахома за смртна казна со азот

Од:

Американската сојузна држава Оклахома, би можело да стане прва држава во САД, во која смртна казна ќе се извршува со инхалирање азот.

Според наводите на медиумите пратениците во оваа држава едногласно го усвоиле законот за инхалирање азот, но за да стапи на сила потребен е потписот на гувернерката Мери Фелин.

Инаку законот го предложил републиканецот Мајк Кристијан кој рекол дека е „практичен, ефикасен и хуман“ начин за егзекуција.

Според неговите зборови, вдишување на чистиот азот предизвикува недостаток на кислород во крвта, поради што осуденикот ја губи свеста по осум до десет секунди, а умира за неколку минути.

Кристијан рекол дека овој метод има предност во однос на смртоносната инјекција, која содржи коктел од лекови, чија што набавка е отежната бидејќи Европа одбива на САД да им испорачува анестетик пентобарбитал, кој што се употребува за извршување на смртна казна.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас