Луис Хамилтон со својот Мерцедес ќе стартува од пол – позицијата на утрешната трка за ГН на Кина. Хамилтон беше недостижен за конкурентите и до пол – позицијата стигна со време 1:35,782 минути.
Клупскиот колега на Хамилтон, Нико Розберг беше втор на денешните квалификации, со четири стотинки заостанување (0,042 секунди), додека трет беше четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел (Ферари), кој имаше време со заостанување од речиси една секунда (0,905 секунди).
Партнер на Германецот во вториот ред ќе му биде Фелипе Маса (Вилијамс), додека од третиот ред ќе тргнат двајцата Финци, Валтери Ботас (Вилијамс) и Кими Раиконен (Ферари)
Од четвртиот ред ќе тргнат Данел Рикардо (Ред Бул) и Роман Грожан, а од петтиот Наср и Ериксон.