Валс: На Грција и се потребни големи реформи

Од:

Грчката Влада треба да изврши големи реформи. и нема збор за напуштање на еврозоната, оцени францускиот премиер Мануел Валс.

– Напуштањето на Грција на еврозоната не е опција што се разгледува, изјави Валс. Тој додаде дека Франција од самиот почеток барала создавање услови за решение кое би било прифатливо за сите.

– За нас излегувањето на Грција од еврозоната не е опција што треба да се разгледува, оцени Валас кој ја почна официјалната посета на Португалија.

Според него, ставот на Франција не е променет.

– Мора да се земе предвид изборот на грчкиот народ, но постојат и институционални рамки и обврски што треба да се почитуваат. Времето изминува, грчката Влада ќе мора наскоро да плати големи рати од кредитот, нагласи Валс.

Тој напомена дека Владата во Атина треба да претстави програма со сериозни реформи за да добие финансиска помош.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето