САД: Потврдена потенцијалната полезност од марихуаната

Од:

Американскиот Национален институт за спречување на злоупотребата на дрогите издаде извештај во кој првпат официјално потврдува за потенцијалната здравствена полза од марихуаната.

До сега сојузната влада на САД одбиваше да признае дека марихуаната може да има било каква здравствена полза и во согласност со тоа, ја смести оваа опојна супстанца заедно со хероинот, ЛСД и екстази.

Неодамнешните истражувања врз животни покажаа дека марихуаната може да убие некои ќелии на ракот и да ја намали големината на другите, се наведува во извештајот на Националниот институт, пишува Јутарни лист.

Доказите од едно истражување покажуваат дека екстрактите од целото растение марихуана можат да го намалат еден од најсериозните типови на тумор на мозокот. Истражувањата врз глувци покажа дека тие екстракти, кога се користат паралелно со радиотерапија, ја зголемуваат успешноста на зрачењето и го убиваат ракот.

Иако одделни сојузни држави дозволија употреба на марихуаната во медицински цели, сојузните власти сè уште ја забрануваат.

Американското министерство за правосудство издаде соопштение во кое е наведено дека нема да запира одделни држави во спроведувањето на своите програми за продажба на медицинска марихуана, но дека и натаму ќе ги гони корисниците на нелегалната.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас