Пакистанскиот Парламент денеска гласаше против придружување кон коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, која извршува напади врз шиитските бунтовници во Јемен.
По повеќедневна расправа, пратениците усвоија резолуција која повикува инволвираните страни во конфликтот да го решат судирот по пат на мировни преговори.
Тие едногласно ја усвоија резолуцијата во која се наведува дека „Пакистан треба да ја зачува неутралноста во јеменскиот конфликт, со цел да има можност да одигра активна дипломатска улога во решавање на кризата“.