ФОТО: Велигденски хуманитарен концерт во Струмица

Од:

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, синоќа во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“ се одржа велигденски хуманитарен концерт, а во организација на Младинскиот совет и со поддршка на општина Струмица.

veligdenskiHumStru (2)

На концертот кој се одржа по петти пат настапија младите струмички таленти, а со своето присуство хуманоста ја потврдија поголем граѓани, меѓу кои и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот.

veligdenskiHumStru (6)

Пред концертот, во фоајето на центарот, се одржа продажна изложба на цртежи и велигденски украси – дела на учениците од основните општински училишта кои ги изработија во текот на вчерашниот ден на плоштадот „Гоце Делчев“.

veligdenskiHumStru (7)

Сите средства собрани од продажната изложба и од продадените билети за концертот ќе бидат искористени за хуманитарни цели.

veligdenskiHumStru (4) veligdenskiHumStru (3)

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост