Мајка со сол го убила своето дете

Од:

Лејси Спирс, која пишувала блог за здравствените проблеми на својот син, е осудена на 20 години затвор, бидејќи го убила своето дете така што го принудувала да јаде сол.

Спирс е осудена за второстепено убиство затоа што на својот син Пол Спирс (5), со цевче за прехрана во стомак му вбризгувала сол.

Обвинителот рекол дека момчето го убила бидејќи се плашела дека некој ќе открие дека го труе.

lejsiSpirs1

На социјалните мрежи таа глумела грижлива мајка, но обвинителот рекол дека таа уживала во вниманието кое го привлекувала врз основа на болеста на нејзиниот син.

-Имала потреба од внимание на семејството, пријателите, соработниците а особено од медицинските работници- изјавила јавната обвинителка Патриција Марфи во завршниот збор.

Видео камерите во два моменти забележале како таа го води својот син во тоалет со цевка во грлото.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас