Палестински полицајци првпат распоредени во близина на источен Ерусалим

Од:

Палестински полицајци првпат се распоредени со оружје на три места на Западниот Брег, во близина на источен Ерусалим, изјавија денеска палестински и израелски извори.

– Првпат припадници на палестинската полиција се распоредени вчера во Абоа Диса, Ал-Рама и Бида, во близина на источниот дел на Ерусалим, кој е под целосна контрола на Израел, изјави портпаролот на палестинската полиција Лоуаи Ерзикат.

Началникот на регионот во кој спаѓа Западниот Брег, генерал Рони Нума вчера одлучи да се овозможи отворање на „полициски станици во три места“.

– Целта е овие станици да се занимаваат со криминални дела, како и одржување на редот и мирот во зоната Б околу Ерусалим, додаде портпаролот.

Зоната Б подразбира реони на Западниот Брег во кои Палестинската автономна управа ја врши цивилната власт, додека внатрешната безбедност спаѓа во заедничка одговорност на Палестинците и израелската војска.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите