Џихадистите од ЕУ претежно се Французи

Од:

Според извештајот на францускиот Сенат, речиси половина од џихадисти од Европа, за кои се знае дека војуваат во Сирија и Ирак се од Франција.

Како што пренесе „Франс прес“ на територијата на Исламска држава има повеќе од 1.430 Французи.

Сенаторот Жан Пјер Сијера кој ја водел истрагата за џихадистичката мрежа, вели дека разузнавачките служби моментало следат повеќе од 3.000 лица, за кои постои сомневање дека биле вклучени во мрежата, што е за 24 проценти повеќе во однос на ноември минатата година.

Се проценува дека околу 85 лица од француска националност загинале на територии на ИСИС и дека околу 200 се упатиле назад во Франција.

Сенаторот исто така соопштил дека 152 радикални исламисти се наоѓаат во француските затвори.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица