А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Започнува НАСА Спејс Аппс Челинџ 2015

by А1он09/04/2015 - 08:02247
Share0

Во просториите на Центарот за иновации на Македонски Телеком во Скопје денеска ќе почне глобалниот хакатон НАСА Спејс Аппс Челинџ 2015 (NASA Space Apps Challenge) на кој учесниците ќе имаат можност во период 48 часа да работат на предизвици поставени од НАСА.

Добивај вести на вибер

Настанот од денеска до 11 април се реализира  на 135 локации во светот, а поради освојувањето на второто место на минатогодишниот натпревар на тимот од Македонија, Скопје е координатор на 10 локации и тоа Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Загреб, Белград, Приштина, Тирана, Виена и Љубљана. Победничкиот тим од овие 10 локации ќе добие две бесплатни карти за учество на Pioneers Festival 2015, што се одржува во Виена.

Интернационалниот настан NASA Space Apps Challenge е дводневен хакатон на кој тимови низ целиот свет, соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации со цел да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици. Младите иноватори ќе имаат временски период од 48 часа непрекинато да работат на предизвикот поставен од НАСА, а воедно ќе имаат можност да соработуваат со искусни ментори од техничките и природно-научните факултети. Во работата ќе им помагаат и претставници на компаниите и од ИТ индустријата.

На отворањето на настанот ќе се обрати заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

nasa

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четворицата астронаути од мисијата „Артемис II“ на НАСА ја напуштија Земјината орбита

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 08:20

ВИДЕО: Четворица астронаути тргнаа на пат кон Месечината

Предраг Петровиќ02/04/2026 - 00:5802/04/2026 - 01:00

Вработените во НАСА поднесуваат барања за одложено отпуштања

Горан Наумовски26/07/2025 - 16:06

Трамп го назначи министерот за транспорт Шон Дафи за привремен шеф на НАСА

Горан Наумовски10/07/2025 - 14:08

НАСА ги објави земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

Горан Наумовски17/02/2025 - 14:09

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он02/02/2025 - 00:0301/02/2025 - 21:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто