Салата од ротквици и јаболка

Од:

Оваа киселкаста салата со ротквици и јаболка е полна со витамини и ви дава енергија. Подгответе ја малку порано пред да ја послужите.

Потребно е:
250 гр исчистени ротквици
150 гр кисели јаболка
1 лажица сок од лимон
150 гр краставици, изрендани

за преливот:
200 мл кисела павлака
1 лажиче сецкан свеж копар
малку сол
бел бибер

Подготовка:
– Ротквиците исецкајте ги на тенки тркалца.

– Јаболките излупете ги, изрендајте ги на крупната страна од рендето и прелијте со сокот од лимон.

– Краставиците излупете ги, изрендајте ги на крупно и малку исцедете ги.

– Сите состојки ставете ги во еден подлабок сад, измешајте ги убаво и прелијте ги со киселата павлака во која претходно сте ги измешале копарот, биберот и солта.

– Салатата послужете ја добро изладена.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска