Потребно е:
за бисквитот:
1/2 л јогурт
300 гр брашно
250 гр шеќер
120 мл масло
25 гр какао
2 лажичиња сода бикарбона
малку путер за подмачкување на тавата за печење
за глазурата:
150 гр путер
150 гр чоколадо за готвење
120 гр шеќер
120 мл млеко
Подготовка:
– Сите состојки за бисквитот изматете ги убаво со миксер.
– Тавата за печење (20 x 30 см) премачкајте ја со путер и во неа сипете ја горната смеса.
– Печете во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.
– Во меѓувреме подгответе ја глазурата. Растопете го путерот во тенџере на рингла. Тргнете го настрана и во тоа ставете го чоколадото, шеќер и млеко. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.
– Глазурата прелијте ја преку изладен колач.
– Исечете го на коцки. Колачот можете да го послужете го со шлаг.