Во пресрет на големиот христијански празник Велигден денеска ќе се одржат велигденски базари во општините Гази Баба и Бутел.
Во спортската сала „Методија Андонов Ченто“ во општина Гази Баба ќе се одржи манифестацијата „Најубаво велигденско јајце“ на која ќе учествуваат децата од основните училишта и градинките во оваа општина.
Во општината Бутел, пак, ќе се одржи хуманитарен велигденски базар на кој штитениците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“ ќе се претстават со своите ракотворби.