Потребно е:
за бисквитните кори:
12 белки
200 гр шеќер
200 гр мелен афион
3 лажици брашно
1/2 лажиче прашок за пециво
за кремот:
12 жолчки
200 гр шеќер
5 лажици нишесте
500 мл млеко
1 маргарин или путер
за глазурата:
200 гр чоколадо за готвење
50 мл масло
Подготовка:
– Прво подгответе ги корите. Изматете ги белките во густо шне. Додадете шеќер и уште малку матете.
– Потоа додадете ги афионот, брашното и прашокот за пециво и полека измешајте со дрвена лажица.
– Добиената смеса поделете ја на три дела од кои ќе испечете три кори. Секој дел од смесата сипете го во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека малку не порумени. Истото направете го и со останатите кори.
– Во меѓувреме преминете на подготовка на кремот. На пареа варете ги жолчките со шеќерот и нишестето кое претходно сте го раствориле во млеко. Мешајте постојано. Кога ќе се згуснат доволно, садот тргнете го на страна и оставете го кремот да се излади.
– Во изладениот крем додадете го убаво изматениот маргарин или путер. Со вака добиениот крем филувајте ги корите.
– Подгответе ја чоколаната глазура. Во сад на рингла на умерена температура ставете го маслото и чоколадото искршено на парчиња и со постојано мешање растопете го.
– Последната кора филувајте ја со чоколадна глазура.