Колекција на повеќе од 5.800 Своч часовници ќе се најдат оваа недела на аукција во Хонг Конг и се очекува цената да достигне сума поголема од 1,2 милиони евра.
Станува збор за една од најголемите приватни колекции на часовници на марката Своч во светот, кои страсниот обожавател Пол Данкел (68) од Луксембург ги собирал 25 години.