Има и такви кои со нетрпение очекуваат некој ваков специјалитет да излезе во продажба, помеѓу полиците на маркетите. Црната нутела сите ја сакаме, но за љубителите на белото чоколадо и „белото од кремот“ ова ќе биде вистинска делиција. А, тоа дека се прави брзо и лесно, уверете се и самите.
Потребно е:
4 полни лажици пропржени и мелени бадеми
100 гр бело чоколадо, рендано
100 мл слатка хопла
90 гр путер, несолен
1 лажица мед
1 лажица џем од кајсии (по желба)
Подготовка:
– Прво, бадемите бланширајте ги во врела вода, излупете ги, исушете ги со кујнска крпа и пропржете ги на тефлонско тавче колку да фатат боја. Пржените бадеми сомелете ги.
– Хоплата ставете ја во тенџерче. Кога ќе почне да се загрева и да има меурчиња од страните, ставете ја изрендата чоколада, со постојано мешawe.
– Кога ќе се растопи чоколадото, ставете го путерот исечкан на коцки и мешајте убаво се додека сите состојки се соединат.
– На крај, додадете ги мелените бадеми, медот и џемот од кајсии.
– Кремот ставете го во тегла и оладете го пред да го сервирате.
– Чувајте го во фрижидер.