(ВИДЕО) Заев: Да ги учиме децата од мали да даруваат од срце

Од:

Денеска во Струмица по десетти пат се одржа хуманитарната акција „Од децата за децата“. Акцијата ја отвори градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој е и покровител на истата. На продажните штандови во хотелот „Тивериопол“ беа изложени ракотворби со велигденски обележја кои што ги изработија учениците од основните училишта и од градинката „Детска радост“. Со собраните средства од продажбата ќе бидат обезбедени прехранбени пакети за 100 деца кои потекнуваат од ранливи категории на граѓани (деца без родители, деца со еден родител и деца од сиромашни семејства).

Заблагодарувајќи се, градоначалникот Заев рече дека оваа акција е прекрасен начин да се помогне на дечињата на кои навистина им е потребна помош.

– Кога децата го прават чекорот да изработат нешто, да најдат начин да соберат пари и да им помогнат и на тие дечиња, е тоа е прекрасно чувство. Убаво е што ги учиме децата од мали да даруваат од срце, од душа, на оние дечиња кои што немаат за да бидеме сите рамноправни. Им благодарам на децата што учат и растат заедно со вакви родители, наставници и воспитувачи, што учат да помагаат и само така сите знаеме дека животот ќе биде подобар за сите – рече градоначалникот Заев

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници