Јосиповиќ: Шешељ не може да го дестабилизира регионот

Од:

Поранешниот претседател на Хрватска Иво Јосиповиќ изјави дека лидерот на српските радикали Војислав Шешељ нема потенцијал да го дестабилизира регионот, но внесува немир, додека изјавите на претседателот и премиерот на Србија Томислав Николиќ и Александар Вучиќ по палењето на хрватското знаме ги оцени како коректни и дека покажуваат желба за продолжување на соработката.

Јосиповиќ во интервју за „Данас“ нагласи дека Шешељ е обвинет за најтешки злосторства и дека без оглед на пресудата, тој останува еден од протагонистите на говор на омраза и воен поттикнувач.

– Не треба да го преценуваме потенцијалот на Шешељ за дестабилизирање на регионот, не е тој толку важен, ниту толку моќен, но сигурно внесува немир и го расипува односите меѓу луѓето и државите, истакна Јосиповиќ.

Јосиповиќ коментирајќи ги изјавите дека привременото пуштање на слобода на Шешељ, но и враќањето во Хаг е насочено кон дестабилизирање и уривање на српската влада, истакна дека не може да ги разбере таквите изјави, бидејќи обврска на секоја држава е да ги почитува наредбите на судот.

– Србија со исполнување на наредбата ќе ја докаже својата сила и приврзаност кон меѓународно прифатените вредности и меѓународното право. Заминувањето на Шешељ во Хаг, сметам дека нема ниту малку да и наштети на Србија и нејзината влада, истакна Јосиповиќ.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор